Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Патронен празник на училиштето

2022-06-06 14:30:45

Патронен празник на училиштето Денеска е голем ден за „Песталоци“, денеска го прославуваме нашиот патронен празник! Им благодариме на сите гости што беа дел од прославата и што придонесоа овој настан да се памети. Упатуваме огромна благодарност до Сава пензиско друштво кои со својата донација ја опремија сензорната соба во училиштето, каде што на учениците со атипичен развој ќе им биде олеснета инклузијата во воспитно-образовниот процес. Насмеани лица, песни и танци, актерска игра, прегратки и - среќа! А среќата се множи само кога се споделува. Затоа споделуваме со вас дел од атмосферата од нашата прослава - за да биде среќа насекаде околу нас!


Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието