Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје



Студенти од Архитектонскиот факултет - за „Песталоци“

2022-10-03 20:18:46

„Песталоци“ не е само училиште. „Песталоци“ е втор дом и место за дружба и рекреација на многумина. Група поранешни ученици, родители и ентузијасти пред неколку години почнаа да организираат активности со цел да го разубават и да го направат попристапен училишниот двор. Целта на ваквите активности е секој, во рамките на своите знаења, можности и афинитети, да придонесе кон развивање пријателска и функционална урбана средина. Водени од мотото „Не што може да направи училиштето за мене, туку што јас можам да направам за него“, студентите од IV и од VI семестар на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св Кирил и Методиј“ заедно со проф. д-р Дивна Пенчиќ, веќе ги почнаа активностите во рамки на предметот Одржлив урбан развој. Во текот на вчерашниот ден во нашето училиште никнаа неколку креативни решенија, кои му вдахнаа нов дух и свежина на просторот. Нивните активности продолжуваат, а ние со радост ќе ги споделуваме сите активности и резултатите што ќе произлезат од оваа соработка.прочитајте повеќе

Посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

2022-09-24 20:01:27

На 23 септември, група ученици, заедно со наставниците Бранка Димевска Коцева и Александар Чавкароскии, го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Европските денови на културното наследство. Учениците ја разгледаа постојаната поставка заедно со Жаклина Мучева и научија повеќе за животот на Евреите, нивното културно материјално и нематеријално наследство, слушнаа историски факти за депортацијата на македонските Евреите и возобновувањето на Еврејската заедница. Научија нови термини: Тора, синагога, менора, ладино јазик, сефардски поговорки, но го видоа и најзначајниот артефакт во Меморијалниот центар. Сето ова беше добра основа за размисли, дискусија и инспирација за реализација на работилницата „Истражуваме, создаваме и културното наследство го чуваме“. Под менторство на нивните наставници и тимот од Меморијалниот центар, Лилјана Лазаревска, Маја Јаневска Илиева, Дарко Хелман и Сашо Андоновски ги создадоа своите уметнички творби инспирирани од поставката која ја посетија. Работеа во четири техники и изработија прекрасни уметнички дела. Изработките се изложени во приземниот дел на Меморијалниот центар и сите посетители ќе можат да ја погледнат изложбата до 28 септември додека трае манифестацијата Европски денови на културно наследство. Уметничките трудови потоа ќе бидат сочувани во депото на центарот заедно со сите други изработки на нашите соработници. прочитајте повеќе



Среќен почеток на новата, 2022/2023 учебна година

2022-09-01 18:13:17

1 септември - најубавиот, највеселиот и најголемиот ден во секое училиште. Насмеани лица, прегратки и по некоја солза радосница. Ваква беше атмосферата денеска во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Наставниците и учениците од повисоките одделенија срдечно ги пречекаа првачињата и им посакаа среќен почеток на најубавата и највозбудлива патека во животот - патеката на образованието. Овој мал чекор што го направија денеска, кога за првпат зачекорија во своите училници, нека биде голем чекор во нивниот раст и развој во добри, хумани, образовани и одговорни личности. Директорката на Училиштето, г-ѓа Катерина Атанасова, ги поздрави учениците и им порача да бидат вредни и упорни, да подадат рака за помош и поддршка секогаш кога е потребно, да ги ценат и негуваат другарствата што се раѓаат во училниците затоа што се силни, искрени и можат да траат цел живот. На крајот, од сите важни петки, најважна е онаа од другарството. Среќна и успешна учебна година на сите ученици! прочитајте повеќе


Патронен празник на училиштето

2022-06-06 14:30:45

Патронен празник на училиштето Денеска е голем ден за „Песталоци“, денеска го прославуваме нашиот патронен празник! Им благодариме на сите гости што беа дел од прославата и што придонесоа овој настан да се памети. Упатуваме огромна благодарност до Сава пензиско друштво кои со својата донација ја опремија сензорната соба во училиштето, каде што на учениците со атипичен развој ќе им биде олеснета инклузијата во воспитно-образовниот процес. Насмеани лица, песни и танци, актерска игра, прегратки и - среќа! А среќата се множи само кога се споделува. Затоа споделуваме со вас дел од атмосферата од нашата прослава - за да биде среќа насекаде околу нас!прочитајте повеќе









Регионалниот натпревар по природни науки

2022-04-11 12:14:47

На 2.4. се одржа Регионалниот натпревар по природни науки на кој учествуваа ученици од петто и шесто одделение и ги постигнаа следниве резултати: VI одделение: Марко Ефтимов: I награда и пласман на Државниот натпревар Марко Бабуновски: II награда и пласман на Државниот натпревар Михаил Прентоски: II награда и пласман на Државниот натпревар Матијас Момчиловиќ: III награда Максим Танески: III награда Андрија Крстиќ: III награда V одделение: Славен Блажевски: I награда и пласман на Државниот натпревар Ања Левеска: II награда и пласман на Државниот натпревар Мила Коруноски: II награда и пласман на Државниот натпревар Михаела Трајковска: III награда Стефанија Трајчевска: III награда Тихомир Деловски: III награда Честитки на сите ученици и многу среќа на Државниот натпревар во мај, кој ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје.прочитајте повеќе

Регионалниот натпревар по физика

2022-04-11 12:12:36

На 2.4.2022 година се одржа Регионалниот натпревар по физика на кој учествуваа и ученици од нашето училиште. Им честитаме на младите физичари за постигнатите резултати и им посакуваме среќа на Државниот натпревар. VIII одделение Сара Кнежевиќ VIII-2 одд. - I награда Виктор Јакимов VIII-2 одд. - II награда Марко Балоски VIII-2 одд. - пофалница Небојша Цветковиќ VIII-1 одд. – пофалница IX одделение Aнастасија Митревска IX-2 одд. - пофалница Деа Деспотовска IX-3 одд. - пласман за учество на Државен натпревар по физикапрочитајте повеќе

Покана за донаторска акција

2022-04-06 14:34:43

Почитувани (драги) родители, Во пресрет на 23 април, Светскиот ден на книгата, сакаме да ги отвориме ширум прозорците на светот на книгите и да им всадиме непресушна жед за нови знаења на нашите ученици. Училишната библиотека со радост ги пречекува учениците и ги споделува со нив своите богатства. Секојдневно излегуваат од печат нови наслови, а учениците сакаат да ги следат новостите во издавачката дејност за деца и младинци. За да ги исполниме очекувањата и потребите на учениците, потребно е да ја освежиме и збогатиме училишната библиотека. За таа цел организираме донаторска акција на книги и лектирни изданија. Секоја книга подарена со љубов - со љубов ќе се чита и љубов ќе шири. Ве покануваме и Вас да земете учество во акцијата и заеднички да го прошириме кругот на вљубеници во книгите. Книгите може да се донираат секој понеделник, за време на одделенскиот час, во периодот од 4 до 25 април. Во прилог Ви доставуваме список на лектирни изданија со кои би сакале да го збогатиме библиотечниот фонд на училиштето. Искрена благодарност за Вашето учество во акцијата, Со почитпрочитајте повеќе

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР МАТЕМАТИКА

2022-04-06 14:08:03

Се одржа регионалниот натпревар по математика. Посебно горди не направија:прочитајте повеќе


Општински натпревар по биологија и природни науки

2022-02-14 12:20:47

Известување за постигнатите резултати од учеството на Општинскиот натпревар по биологија за учениците од основното образование кој се одржа на 09.02.2022 година.прочитајте повеќе