Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Среќен почеток на новата, 2022/2023 учебна година

2022-09-01 18:13:17

1 септември - најубавиот, највеселиот и најголемиот ден во секое училиште. Насмеани лица, прегратки и по некоја солза радосница. Ваква беше атмосферата денеска во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Наставниците и учениците од повисоките одделенија срдечно ги пречекаа првачињата и им посакаа среќен почеток на најубавата и највозбудлива патека во животот - патеката на образованието. Овој мал чекор што го направија денеска, кога за првпат зачекорија во своите училници, нека биде голем чекор во нивниот раст и развој во добри, хумани, образовани и одговорни личности. Директорката на Училиштето, г-ѓа Катерина Атанасова, ги поздрави учениците и им порача да бидат вредни и упорни, да подадат рака за помош и поддршка секогаш кога е потребно, да ги ценат и негуваат другарствата што се раѓаат во училниците затоа што се силни, искрени и можат да траат цел живот. На крајот, од сите важни петки, најважна е онаа од другарството. Среќна и успешна учебна година на сите ученици!


Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието