Известување за запишување ученици во прво одделение во учебната 2024/2025 година
2024-04-25 15:46:38И З В Е С Т У В А Њ Е
за запишување ученици во прво одделение во учебната 2024/25 година
во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје
Во прво одделение во основното училиште се запишуваат деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари следната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Основното училиште ќе запишува ученици кои живеат или се со постојан престој во реонот на училиштето. Доколку има слободни места за запишување, основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина.
Пријавата за упис на првачиња се пополнува електронски на веб-страницата www.ooupestaloci.edu.mkили во просториите на училиштето секој работен ден од 15.4.2024 година во периодот 9:00-14:00 часот.
По испратеното барање за упис на детето во прво одделение, ќе добиете информација за датумот и времето за упис на електронската адреса од којашто аплицирате. На закажаниот ден родителот ќе може да ги заврши сите активности поврзани со уписот на детето во прво одделение.
Потребни документи за запишување, согласно член 60 од Закон за основно образование (Сл. весник на РСМ бр. 161/19 и 229/20):
- Потврда за примени задолжителни вакцини, издадена од надлежна установа;
- Потврда за извршен стоматолошки преглед, издадена од надлежна установа (потврдата може да ја добиете во училишната стоматолошка амбуланта, закажување на тел. 070/654-944);
- Потврда за извршен офталмолошки преглед, издадена од надлежна установа;
- Лична карта од родител – на увид.
Доколку родителот дава информација дека детето е со атипичен развој, треба да се достави и функционална проценка од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на е-адресата:
prvacinjapestaloci@gmail.com секој работен ден од 9 до 12 часот.
Скопје, 10.4.2024 година Директор,
Катерина Атанасова