Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

„Песталоци“ оди на Јеил

2021-12-20 13:57:59

Од 13.-17. Декември 2021 година, во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати се одржа глобалниот натпреварот во дебатирање и општи знења “World Scolar’s Cup”.


              

Сара Кнежевиќ, Лука Вајевиќ и Виктор Јакимов од VIII – 2 во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје, во конкуренција од 500 ученика од 23 земји ги бранеа националните бои на Глобалниот зимски круг 2021 година. Тие се вратија побогати за два златни и три сребрени медала и два трофеја.

Лука Вајевиќ индивидуално освои три сребрени медала.

Виктор Јакимов индивидуално освои три сребрени медала во различни категории.

Најуспешна беше Сара Кнежевиќ која освои шест златни и еден сребрен медал, со што беше прогласена за еден од шампионите на натпреварот. Таа беше во групата почесни осум дебатери кои ја водеа последната дебата пред целиот аудиториум.

     

 

Ваквиот успех ги квалификува на Турнирот на шампиони, на престижниот Јеил Универзитет во САД, на кој се натпреваруваат десетте најдобри тима од шесте Глобални рунди на годишно ниво. 

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието