Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

2022-09-24 20:01:27

На 23 септември, група ученици, заедно со наставниците Бранка Димевска Коцева и Александар Чавкароскии, го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Европските денови на културното наследство. Учениците ја разгледаа постојаната поставка заедно со Жаклина Мучева и научија повеќе за животот на Евреите, нивното културно материјално и нематеријално наследство, слушнаа историски факти за депортацијата на македонските Евреите и возобновувањето на Еврејската заедница. Научија нови термини: Тора, синагога, менора, ладино јазик, сефардски поговорки, но го видоа и најзначајниот артефакт во Меморијалниот центар. Сето ова беше добра основа за размисли, дискусија и инспирација за реализација на работилницата „Истражуваме, создаваме и културното наследство го чуваме“. Под менторство на нивните наставници и тимот од Меморијалниот центар, Лилјана Лазаревска, Маја Јаневска Илиева, Дарко Хелман и Сашо Андоновски ги создадоа своите уметнички творби инспирирани од поставката која ја посетија. Работеа во четири техники и изработија прекрасни уметнички дела. Изработките се изложени во приземниот дел на Меморијалниот центар и сите посетители ќе можат да ја погледнат изложбата до 28 септември додека трае манифестацијата Европски денови на културно наследство. Уметничките трудови потоа ќе бидат сочувани во депото на центарот заедно со сите други изработки на нашите соработници.


Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието