Нашето „PASCH“ училиште е долгогодишен партнер на Гете Институт Скопје
2020-11-24 11:45:20Основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци е едно од четирите партнерски училишта на Гете-институт во Македонија, кое е дел од светската мрежа на иницијативата „Училишта:Партнери на иднината“ (PASCH).
Придобивките, кои овој проект ги нуди се целосното стипендирање од страна на Гете Институт на 10 ученици за изучување на германскиот јазик во Гете Институтот во Скопје во времетраење од еден семестар, како и целосни 2 стипендии за тринеделен јазичен курс во Германија.
Како плод на оваа долгогодишна соработка, произлегоа многу ученици со солидни познавања на германскиот јазик.
Со цел наставата да е и понатаму на исклучително високо ниво и на учениците да им е забавнодо дека го изучуваат јазикот, Гете – Институтот Скопје редовно нуди обуки за стручно усовршување на наставниците по германски како во земјата, така и во регионот, онлајн и во Германија.
За учениците се нудат работилници во Македонија и Германија, јазични кампови во земјата и регионот, јазични курсеви во Охрид и Германија, сертифицирани испити (ФИТ), филмски фестивали, изложби и сл. А за да се зголеми квалитетот на наставата, Гете-институт вложува и во опрема во кабинетот по германски јазик, како смарт табла, компјутер, куферот со 10 IPad-и кои се наменети ислучително за наставата по германски.
Покрај тоа, постојано се збогатуваат дидактичките материјали и библиотеката во училиштето.
Учениците преку игри и забава ќе го изучуваат германскиот јазик