Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Студенти од Архитектонскиот факултет - за „Песталоци“

2022-10-03 20:18:46

„Песталоци“ не е само училиште. „Песталоци“ е втор дом и место за дружба и рекреација на многумина. Група поранешни ученици, родители и ентузијасти пред неколку години почнаа да организираат активности со цел да го разубават и да го направат попристапен училишниот двор. Целта на ваквите активности е секој, во рамките на своите знаења, можности и афинитети, да придонесе кон развивање пријателска и функционална урбана средина. Водени од мотото „Не што може да направи училиштето за мене, туку што јас можам да направам за него“, студентите од IV и од VI семестар на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св Кирил и Методиј“ заедно со проф. д-р Дивна Пенчиќ, веќе ги почнаа активностите во рамки на предметот Одржлив урбан развој. Во текот на вчерашниот ден во нашето училиште никнаа неколку креативни решенија, кои му вдахнаа нов дух и свежина на просторот. Нивните активности продолжуваат, а ние со радост ќе ги споделуваме сите активности и резултатите што ќе произлезат од оваа соработка.


Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието