Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Донација на компјутери од Шпаркасе лизинг ДОО Скопје

2022-09-21 16:28:23



Колку нули и единици би употребил компјутерот за да каже „Благодарам“?

Со новата опрема во училишниот кабинет по информатика нашите ученици полесно ќе дојдат до одговорот на ова прашање и ќе навлезат во тајните на информатичката технологија. 

Огромна благодарност изразена во мега, гига, терабајти, им изразуваме на Шпаркасе лизинг ДОО Скопје и извршниот директор Марјан Манчев,  кои донираа компјутери.

Водејќи се од мотото „Секое дете е посебен цвет. А сите заедно прават светот да биде прекрасна цветна градина“, тие и минатата година донираа преносни компјутери за нашето училиште. 

Со вакви пријатели, светот навистина може да биде цветна градина.

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието