Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието
2020-10-05 15:13:50Времетраење: април 2017 – април 2022
Имплементатор: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)
Партнери: Министерство за образование и наука (МОН), клучни образовни институции, сите општини и училишта во Северна Македонија
Цел: Да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите
Целна група: Сите основни и средни училишта и општини
Компонента 1: Јакнење на меѓуетничката кохезија во образовниот систем
Преку постојана соработка со Министерството за образование и наука, клучните образовни институции и општините, проектот создава можности за интеракција помеѓу училиштатата од различни заедници и создавање на подобра етничка кохезија помеѓу младите.
Компонента 2: Јакнење на демократската култура и граѓанското однесување меѓу младите
Во партнерство со Министерството за образование и наука, проектот ги поддржува промените во содржините на граѓанското образование и воведува методи за унапредување на активното вклучување на учениците во училиштата и процесите на носење одлуки за заедницата.
Компонента 3: Стимул на училиштата/реновирање
Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.
Овој проект, во соработка со Министерството за образование и наука и централната и локалната власт, како и сите основни и средни училишта заедно со учениците, наставниците, родителите и лидерите од различни заедници, има за цел создавање можности за интеракција помеѓу училишните заедници и поттикнување подобра меѓуетничка кохезија меѓу младите.
Во текот на проектот, врз основа на потребите, но и во исто време достигнувањата во областа на меѓуетничката интеграција и активното вклучување на учениците на ниво на училиште и на заедница, ќе бидат реновирани на 50 училишта, меѓу кои и нашето училиште.
Тековни активности:
- Тимот на проектот веќе организираше теренски посети во три училишта, меѓу кои и во нашето каде се реализираа и состаноци со Тимовите за реновирање на училиштата на кои се дискутираше детално за приоритетните проекти за реновирање на училиштата од технички аспект, како и за прецизирање на материјалите и предмет пресметката.
- Се подготви инженерски извештај за реновирање.
- Се потпиша Меморандумот за разбирање за реновирање од страна на извршниот директор на МЦГО, раководителот на проектот, градоначалникот на општината и директорот на училиштето. Меморандумот за разбирање ги дефинира одговорностите на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, на општината и на училиштето во однос на успешното спроведување на проектите за реновирање на училиштата.