Одобрен Еразмус+ грант за нашето училиште
2020-10-06 09:40:55
Преку обуките, нашите едукатори се стекнаа со можност за развивање на конкретни наставни проекти (мултимедијални содржини, ресурси и комбинирани часови) кои ќе се применуваат во училницата.
Интеграцијата на ИКТ алатките во наставата и образованието го поттикнува унапредувањето на образовниот процес и ја подобрува дигиталната писменост во образованието.
Во рамките на Еразмус+ проектот се спроведоа три мобилности:
1. CREATIVE USE OF TECHNOLOGY IN THE CLASSROOM од 15.10.2018 до 25.10.2018 година во Малта;
2. INTEGRATING ICT AND NEW TEHNOLOGIES INTO TEACHING AND EDUCATION од 28.10.2018 до 03.11.2018 година во Шпанија, и
3. INTERACTIVE ICT-BASED, DIGITAL AND WEB TOOLS FOR AN EFFECTIVE BLENDED, FLIPPED AND COPERATIVE LEARNING од 27.11.2018 до 01.12.2018 година во Италија.
По враќањето од мобилностите, вредните и креативни наставници на нашето училиште ги пренесоа стекнатите знаења преку дисеминации на наставниците од сите седум основни училишта од Општина Центар и истите успешно се користат во секојдневната настава.