Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

Литературен конкурс на тема „Моето детство во пандемија“

2021-02-21 22:37:42



По повод 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Општина Центар, Скопје

организираше литературен конкурс на тема „Моето детство во пандемија“.

Учениците од ООУ„Јохан Хајнрих Песталоци“-Скопје, покажаа особен интерес за темата и земаа активно учество  со повеќе  литературни творби.  

Литературниот конкурс беше поделен во две категории: творби од одделенска настава и творби од предметна настава.Поради големиот број пристигнати творби и есеи, Училишната комисија го прошири литературниот конкурс интерно и во рамките на нашето Училиште.

Училишната комисија составена од членови од одделенска и предметна настава, составите и есеите ги рангираше по следниот редослед:

 

Одделенска настава:

награда – Каја Коцеска V1 одд, ментор- Аница Мицевска

II награда – Мила Боцеска  V2 одд, ментор-  Јасмина Михаиловска

III награда – Михаела Тасевсак IV2 одд, ментор - Маргарета Пејоска

 

Предметна настава:

награда- Анастазија Габроска  - VIII2 одд.

II награда- Нина Симјаноска - VIII2 одд.

III нагрaда -Луиза Гонев Чашуле - VII 1 одд.

Ментор-Ана Георгиева, предметен наставник по македонски јазик

 

Првонаградените творби од одделенска и предметна настава беа испратени до Општина Центар.

По нивното разгледување, добивме повратна информација дека Општина Центар ги наградува  ученичките: Каја Коцеска V1одд. и Анастазија Габроска VIII2 одд. со Дипломи за најдобра литературна творба по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик- 21 Февруари.

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието