Регионалниот натпревар по природни науки2022-04-11 12:14:47На 2.4. се одржа Регионалниот натпревар по природни науки на кој учествуваа ученици од петто и шесто одделение и ги постигнаа следниве резултати: VI одделение: Марко Ефтимов: I награда и пласман на Државниот натпревар Марко Бабуновски: II награда и пласман на Државниот натпревар Михаил Прентоски: II награда и пласман на Државниот натпревар Матијас Момчиловиќ: III награда Максим Танески: III награда Андрија Крстиќ: III награда V одделение: Славен Блажевски: I награда и пласман на Државниот натпревар Ања Левеска: II награда и пласман на Државниот натпревар Мила Коруноски: II награда и пласман на Државниот натпревар Михаела Трајковска: III награда Стефанија Трајчевска: III награда Тихомир Деловски: III награда Честитки на сите ученици и многу среќа на Државниот натпревар во мај, кој ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје.прочитајте повеќе Регионалниот натпревар по физика2022-04-11 12:12:36На 2.4.2022 година се одржа Регионалниот натпревар по физика на кој учествуваа и ученици од нашето училиште. Им честитаме на младите физичари за постигнатите резултати и им посакуваме среќа на Државниот натпревар. VIII одделение Сара Кнежевиќ VIII-2 одд. - I награда Виктор Јакимов VIII-2 одд. - II награда Марко Балоски VIII-2 одд. - пофалница Небојша Цветковиќ VIII-1 одд. – пофалница IX одделение Aнастасија Митревска IX-2 одд. - пофалница Деа Деспотовска IX-3 одд. - пласман за учество на Државен натпревар по физикапрочитајте повеќе Покана за донаторска акција2022-04-06 14:34:43Почитувани (драги) родители, Во пресрет на 23 април, Светскиот ден на книгата, сакаме да ги отвориме ширум прозорците на светот на книгите и да им всадиме непресушна жед за нови знаења на нашите ученици. Училишната библиотека со радост ги пречекува учениците и ги споделува со нив своите богатства. Секојдневно излегуваат од печат нови наслови, а учениците сакаат да ги следат новостите во издавачката дејност за деца и младинци. За да ги исполниме очекувањата и потребите на учениците, потребно е да ја освежиме и збогатиме училишната библиотека. За таа цел организираме донаторска акција на книги и лектирни изданија. Секоја книга подарена со љубов - со љубов ќе се чита и љубов ќе шири. Ве покануваме и Вас да земете учество во акцијата и заеднички да го прошириме кругот на вљубеници во книгите. Книгите може да се донираат секој понеделник, за време на одделенскиот час, во периодот од 4 до 25 април. Во прилог Ви доставуваме список на лектирни изданија со кои би сакале да го збогатиме библиотечниот фонд на училиштето. Искрена благодарност за Вашето учество во акцијата, Со почитпрочитајте повеќе РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР МАТЕМАТИКА2022-04-06 14:08:03Се одржа регионалниот натпревар по математика. Посебно горди не направија:прочитајте повеќе Општински натпревар по биологија и природни науки2022-02-14 12:20:47Известување за постигнатите резултати од учеството на Општинскиот натпревар по биологија за учениците од основното образование кој се одржа на 09.02.2022 година.прочитајте повеќе |