Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје


Одобрен Еразмус+ грант за нашето училиште

2020-10-06 09:40:55

OOУ „Ј.Х.Песталоци„ доби грант од програмата Еразмус + за учество на обуки. Тие ќе служат за модернизација на наставниот процес преку подобрување на ИКТ вештините на наставниот кадар, со практичен пристап кон користење современи технологии во училницата како Интерактивна табла (IWBs), аудио & видео ресурси, викија, блогови, подкасти, активности во социјалните медиуми. прочитајте повеќе

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

2020-10-05 15:13:50

Петгодишниот проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, кој започна во април 2017 година, е предводник на програмата на УСАИД за подобрување на меѓуетничката интеграција во Северна Македонија. Овој проект го имплеменитра Македонски центар за граѓанско образование, а има за цел да помогне во овозможувањето позитивни интеракции меѓу младите од различна етничка припадност на ниво на училиште и на заедница, истовремено подобрувајќи ги вештините за граѓанско образование, однесувања и волонтерски практики на младите. Со финансии од Министерството за одбрана на САД, програмата исто така обезбедува соодветни придонеси за покривање на трошоците за реновирање и други физички подобрувања идентификувани од страна на младите запишани во училиштата кои се дел од оваа програма.прочитајте повеќе

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието