Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

Етички кодекси

2020-02-03 16:04:07



ПРАВИЛНИК ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО  И УЧИЛИШНИОТ ДВОР (КУЌЕН РЕД)

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Наставниците меѓусебе да се почитуваат (културно да се отпоздравуваат, да се воздржуваат од негативни коментари за колегите и другите вработени во училиштето).

Наставниците да се воздржуваат од негативни коментари за колегите пред учениците и родителите.

Недоразбирањата помеѓу колегите да се разрешуваат на конструктивен начин во просторни услови кои тоа го дозволуваат (не пред учениците, другите вработени и родителите).

Стручните разговори и консултации, со стручните соработници, наставниците да ги реализираат во нивните службени простории со однапред договорен термин за состанок.

Наставниците да не ги користат мобилните телефони во училиштето за фотографирање и сликање дискриминирачки материјал.

Наставниците да бидат во училницата 5 минути пред почетокот на часот.

Одделенските и предметните наставници се задолжуваат потешкотиите во паралелката да ги подобруваат преку соработката со родителите, учениците и стручните соработници, а по следниот редослед:

1. Разговор со ученикот и родителот во присуство на одделенскиот наставник.

2. Разговор со ученикот и родителот во присуство на одделенскиот наставник и на стручните соработници.

3. Комуникацијата на наставниците со родителите и учениците да се одвива во конструктивна насока на професионално однесување (без навреди, исмејување омаловажување).

        

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Редовно ќе ја одржуваат личната хигиена.

Редовно ќе ја одржуваат хигиената во училиштето.

Ќе го чуваат училишниот мебел, не уништувајќи ги ѕидовите и не пишувајќи по нив.

Отпадоците ќе ги фрлаат во корпа која е наменета за тоа.

Ќе ја проветруваат училницата за време на одморите.

Ќе ја разубавуваат училницата со слики и цвеќе.

Ќе бидат искрени и добри другари, ќе им помагаат на другите секогаш кога ќе бидат во можност.

Времето кое ќе го минуваат во училиштето ќе биде исполнето со многу нови сознанија и убаво другарување.

Своите мислења и предлози со кои заедничкиќе го подобриме престојот во училиштето ќе ги доставуваат во сандачето наменето за тоа.

Ученицитесе должни да ги одржуваат редот и мирот во училиштето (во ходниците, училниците и во училишниот двор).

Во училиште да доаѓаат редовно и навреме.

Да не изостануваат од настава освен од оправдани причини.

Изостаноците треба да се оправдаат од родител или со медицинска белешка.

Учениците ќе ги почитуваат и поздравуваат наставниците и возрасните.

Ќе бидат внимателни и активни на часовите.

Редовно ќе ги извршуваат училишните обврски.

Ќе бараат да бидат јавно оценувани и секогаш да ги знаат резултатите од својот труд.

Активно ќе учествуваат во слободни ученички активности (секциите) каде ќе ги задоволат сопствените желби и интереси.

Ќе бидат вредни, а нивниот труд ќе биде награден.

 

 

ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМА ХАРМОНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието