Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Одобрен Еразмус+ грант за нашето училиште

2020-10-06 09:40:55

OOУ „Ј.Х.Песталоци„ доби грант од програмата Еразмус + за учество на обуки. Тие ќе служат за модернизација на наставниот процес преку подобрување на ИКТ вештините на наставниот кадар, со практичен пристап кон користење современи технологии во училницата како Интерактивна табла (IWBs), аудио & видео ресурси, викија, блогови, подкасти, активности во социјалните медиуми.


 

Преку обуките, нашите едукатори се стекнаа со можност за развивање на конкретни наставни проекти (мултимедијални содржини, ресурси и комбинирани часови) кои ќе се применуваат во училницата.

Интеграцијата на ИКТ алатките во наставата и образованието го поттикнува унапредувањето на образовниот процес и ја подобрува дигиталната писменост во образованието. 

Во рамките на Еразмус+ проектот се спроведоа три мобилности:

1. CREATIVE USE OF TECHNOLOGY IN THE CLASSROOM од 15.10.2018 до 25.10.2018 година во Малта;

 

2. INTEGRATING ICT AND NEW TEHNOLOGIES INTO TEACHING AND EDUCATION од 28.10.2018 до 03.11.2018 година во Шпанија, и

 

3. INTERACTIVE  ICT-BASED, DIGITAL AND WEB TOOLS FOR AN EFFECTIVE BLENDED, FLIPPED AND COPERATIVE LEARNING од 27.11.2018 до 01.12.2018 година во Италија.

 

 

По враќањето од мобилностите, вредните и креативни наставници на нашето училиште ги пренесоа стекнатите знаења преку дисеминации на наставниците од сите седум основни училишта од Општина Центар и истите успешно се користат во секојдневната настава.

 

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието