Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Донација на преносни компјутери од Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје

2021-11-01 12:21:27

„Добрината не се раѓа од големината, туку големината од добрината.“ Благодарноста, дарежливоста и постојаната поддршка се одлика на големите луѓе. Нашето училиште е симбол на солидарност и грижа за најмалите во општеството. Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје, како општествено одговорна компанија, се грижи за подобрување на условите за работа во училиштата. За таа цел Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје, застапувана од извршниот директор Марјан Манчев донираше четири преносни компјутери на Училиштето.


На овој начин, во свое име, и во име на сите наставници и ученици сакам да ја искажам нашата благодарност до Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје за несебичната поддршка и помош. 

 

 

 

   

 

Почитувани,

 

Со Вашата донација ни овозможивте да создадеме подобри услови за работа со цел успешно пренесување на знаењата до учениците. Вие ни помагате полесно да се справиме со предизвиците на наставата и учењето на далечина. Благодарение на Вас ние сме уште помотивирани да работиме професионално и со многу љубов кон учениците да ја продолжиме нашата учителска дејност.

 

                     

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието