Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

УСПЕСИ КОИ НÈ ПРАВАТ ГОРДИ

2021-05-28 09:13:36



И оваа учебна година, помината во пандемиски услови, ја одбележуваме со многу активности и високо постигнати резултати.

Секоја активност на учениците ни е особено важна и значајна.

Одредени активности се приведени кон крај, но некои сѐ уште се во тек.

Особено горди нѐ прави успехот на ученикот Јаков Геговски од 6. одделение, кој стана Државен првак по математика за шесто одделение на 46. Државен натпревар по математика за учениците од основното образование.

Неговиот успех се темели на љубовта кон природните науки, посебно кон математиката, и е резултат, пред сѐ, на неговата желба за секојдневно совладување нови предизвици и стекнување нови знаења од областа на математиката. Тоа го постигна со максимална посветеност, упорност и темелност, како и со својата истрајност во постигнувањето на своите цели. 

На овој успех ќе го надоврземе и успехот на ученичката Сара Кнежевиќ од 7. одделение, која на истиот државен натпревар се закити со третата награда. Сара е, исто така, посветена и трудољубива ученичка, која редовно и ангажирано работи за постигнување на највисоките резултати во повеќе области, меѓу кои е и математиката.

На овој државен натпревар со пофалници за вложениот труд и работа се здобија ученичките Евгенија Митревска – 8. одделение и Мила Цветкова – 9. одделение.

На сите им посакуваме уште многу понатамошни успеси и достигнување повисоки цели, како во образовниот процес, така и во животот.

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието