Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

Информација за родителите за почетокот на учебната 2020/21 година

2020-09-15 21:49:35

Драги родители, Се надевам дека Вие и Вашето семејство сте во добро здравје. Ви благодариме за Вашата трпеливост додека ги финализираме деталите за претстојната учебна година. Работевме на екипирање и подготвување на училиштето за враќање на учениците. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на учениците, при тоа грижејќи се да ги преземеме сите мерки за нивна заштита. За таа цел, училиштето нема да биде исто како во минатото. Сите заедно треба да се вложиме и да придонесеме секој ученик да е заштитен што е можно подобро. Вработените во училиштето ќе носат постојано маски, исто како и учениците. Учениците ќе бидат потсетувани физички да се дистанцираат од другите, да ги дезинфицираат рацете и обувките кога влегуваат во училишната зграда и да ги мијат и дезинфицираат рацете пред и по јадење. Средство за дезинфекција на рацете ќе биде достапно на секој влез и во секоја училница. Учениците нема да имаат можност да ги оставаат личните работи во шкафчињата како до сега. Учениците мора да влезат и да излезат од зградата користејќи ги назначените насоки (видете „Организација на протокот на ученици, наставници и други лица“) и да застанат да им се измери телесната температура.


Со цел да ги примиме сите ученици кои ќе следат настава со физичко присуство, паралелките се делат на две групи, група А и Б, пример I-1-A и I-1-Б.  (Видете „Оперативен план за организација и реализација на воспитно-образовната работа“). Групите се засноваат на бројот на ученици на кои им е дозволено да бидат на час, приближно 20. Поделбата на паралелките ја врши одделенскиот раководител според азбучниот ред. 

Дневниот распоред вклучува време на пристигнување и заминување на учениците и времетраење на часовите. (видете „Распоред за ѕвонење“) Распоредот на часови по наставни предмети го соопштува одделенскиот раководител.

По пристигнувањето учениците ќе се упатат директно во нивните училници, следејќи ги ознаките кои го означуваат правецот на движење и запазувајќи растојание од 1,5м при чекање ред. На крајот на часовите, учениците мора веднаш да ја напуштат училишната зграда и училишниот двор. За безбедност на сите, Ве замолувам, да се избегнуваат неформални групирања на родители, наставници и ученици во дворот пред, за време и по часовите.

 Неколку дополнителни потсетувања:

•Од сите ученици и родители се бара да носат маски.

•Ве молиме, осигурете се дека Вашето дете нема знаци на Covid 19 пред да дојде во училиште.

•Учениците треба да носат свои училишни материјали на час. Училишните материјали се лични и не се споделуваат.

•Учениците треба да носат оброк/храна од дома; на учениците ќе им биде дозволено да јадат за време на големиот одмор. 

•Ако Вашето дете отсуствува или треба да го напушти училиштето порано или да пристигне подоцна, Ве молиме јавете се на одделенскиот раководител и известето го за истото.

•Училиштето е отворено само за персоналот и учениците. Ако родителите сакаат да се состанат со некого, телефонски закажете состанок преку видеоконференциска врска. Испораките за потребите на учениците ги преземаат назначените редари.

 

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Вас и Вашето дете оваа година.

 

Уживајте во Вашиот ден и чувајте се,

                                                                                           Директор, Катерина Атанасова

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието