Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Покана за донаторска акција

2022-04-06 14:34:43

Почитувани (драги) родители, Во пресрет на 23 април, Светскиот ден на книгата, сакаме да ги отвориме ширум прозорците на светот на книгите и да им всадиме непресушна жед за нови знаења на нашите ученици. Училишната библиотека со радост ги пречекува учениците и ги споделува со нив своите богатства. Секојдневно излегуваат од печат нови наслови, а учениците сакаат да ги следат новостите во издавачката дејност за деца и младинци. За да ги исполниме очекувањата и потребите на учениците, потребно е да ја освежиме и збогатиме училишната библиотека. За таа цел организираме донаторска акција на книги и лектирни изданија. Секоја книга подарена со љубов - со љубов ќе се чита и љубов ќе шири. Ве покануваме и Вас да земете учество во акцијата и заеднички да го прошириме кругот на вљубеници во книгите. Книгите може да се донираат секој понеделник, за време на одделенскиот час, во периодот од 4 до 25 април. Во прилог Ви доставуваме список на лектирни изданија со кои би сакале да го збогатиме библиотечниот фонд на училиштето. Искрена благодарност за Вашето учество во акцијата, Со почит


потребни лектири

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието