Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОД.

2020-05-10 15:17:40

Почитувани, Ве известуваме дека Пријавата за упис на првачиња ја пополнувате електронски. Ве молиме податоците во пријавата да бидат веродостојни. Ќе добиете известување за прием на пријавата и закажување на термин за упис. Формата за запишувањето на ученици во прво одделенеие во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар, Скопје за учебната 2020/2021 год. ќе ја најдете на линкот подолу. Стоматолошката амбуланта во Училиштето е отворена секој работен ден од 8:00 до 14: 00 часот.


 Електронско пријавување

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

за родител/старател заинтересиран за упис на детето во прво одделение во ООУ „ Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје.

 

 

 

Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

 

 

 

По исклучок од ставот (4) на член 60 од ЗОО, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

 

По извршеното барање за упис на детето во прво одделение, по електронска пошта ќе Ви биде испратена нотификација, потврда за прием на Пријавата.

 

Ќе добиете и информација за датум и време за упис на Вашето дете. Уписот на детето во прво одделение ќе се реализира во месец јуни. На закажаниот ден родителот со едно одење во Училиштето ќе може да ги заврши сите активности поврзани со уписот на детето во прво одделение.  

 

Потребни документи за запишување:

 

  • Извод од матична книга на родените на ученикот (може и копија) - на увид
  • Лична карта од родител - на увид
  • Потврда за примени задолжителни вакцини – останува во училиштето
  • Потврда за орално здравје од стоматолог - останува во училиштето

 

 

 

Документите треба да бидат доставени на денот на уписот на Вашето дете во месец јуни.

 

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на меил адресата prvacinjapestaloci@gmail.com секој работен ден од 9 до 12 часот.

 

Во наредните денови редовно ќе Ве известуваме за сите нови информации кои ќе ги добиваме од надлежните институции.  

 

 

 

Скопје, 4.V 2020                                               в.д. Директор

Катерина Атанасова

 

 

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието