Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

Светски училишен натпревар во дебатирање

2022-05-23 13:56:08



Светски училишен натпревар во дебатирање

 

Од 12 до 14.5.2022 година се одржа регионалната рунда од натпреварот во дебатирање и општи знаења „World Scholar’s Cup“, чиј локален организатор беше Јахја Кемал Колеџ.

Тоа е меѓународен настан во кој би сакал да учествува секој ученик. На прв поглед, можеби изгледа како натпревар, но ова е повеќе од тоа. „World Scholar’s Cup“ е, всушност, прослава на учењето. На едно место се собрани сериозни глобални прашања од различни предмети, преку кои се развива логичко и критичко размислување базирано врз дискусии, колаборативно пишување и дебати во тимови. Токму работата во тимови е најубавиот, но и најтешкиот предизвик во кој учениците активно се вклучуваат бидејќи знаат дека некој друг зависи од нас. „World Scholar’s Cup“ ги учи учениците, како прво, да ја најдат забавата во учењето, пред да се вљубат во него.  

 

Седум тима по тројца ученици го претставуваа нашето училиште и се вратија побогати за 104 златни и сребрени медали и 7 трофеи. 

Учениците имаа можност да ги претстават и своите таленти, а ученичката Ана Коцева беше избрана да дебатира во почесната дебата со најдобрите осум дебатери.  

Нашата ученичка Сара Кнежевиќ се здоби со наградата „Асимов“, која е најпрестижната награда на овој натпревар и се доделува на најдобриот учесник на целиот натпревар. 

Сите ученици се квалификуваа за глобалната рунда, која ќе се одржи во Прага, Република Чешка.

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието