Општинско Основно Училиште
„Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Донација од „Специјал градба“ - ДООЕЛ Скопје

2022-04-28 21:03:43



Почитувани пријатели на „Песталоци“,
Сакаме да го споделиме со вас нашето огромно задоволство од акцијата за донирање книги за училишната библиотека. 
Денеска ни пристигна донација од „Специјал градба“ - ДООЕЛ Скопје, кои срдечно ни подарија голем број лектирни изданија, книги што веќе станаа дел од нашата библиотека. 
Им изразуваме огромна благодарност ним и на сите досегашни учесници - ученици, родители, приватни претпријатија и јавни установи. Сите виеПочитувани пријатели на „Песталоци“,
Сакаме да го споделиме со вас нашето огромно задоволство од акцијата за донирање книги за училишната библиотека. 
Денеска ни пристигна донација од „Специјал градба“ - ДООЕЛ Скопје, кои срдечно ни подарија голем број лектирни изданија, книги што веќе станаа дел од нашата библиотека. 
Им изразуваме огромна благодарност ним и на сите досегашни учесници - ученици, родители, приватни претпријатија и јавни установи. Сите вие сте пријатели на нашето училиште, а вашиот благороден чин ќе остане запишан на страниците на книгите што ги подаривте од срце и преку нив ќе се пренесува од генерација на генерација. 
Воедно, ве известуваме дека акцијата продолжува. Оние што сакаат да донираат книги, тоа може да го направат и во текот на следната седмица. сте пријатели на нашето училиште, а вашиот благороден чин ќе остане запишан на страниците на книгите што ги подаривте од срце и преку нив ќе се пренесува од генерација на генерација. 
Воедно, ве известуваме дека акцијата продолжува. Оние што сакаат да донираат книги, тоа може да го направат и во текот на следната седмица.

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието