Општинско Основно Училиште
„Ј.Х. Песталоци“ - Скопје

Известување за родител/старател заинтересиран за упис на детето во прво одделение во учебната 2021/22 година

2021-04-26 12:47:29

Пријавата за упис на првачиња ја пополнувате електронски на веб страна https://uslugi.gov.mk/service/zapishuvanje-na-dete-vo-prvo-oddelenie-5228 од 1.V 2021 год. или во просторииите на училиштето секој работен ден од 4. V 2021 година во период од 9:00 – 14:00 часот. По извршеното барање за упис на детето во прво одделение, ќе добиете и информација за датум и време за упис на Вашето дете. На закажаниот ден родителот ќе може да ги заврши сите активности поврзани со уписот на детето во прво одделение.


Децата во прво одделение во училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година. Во прво одделение во основното училиште родителот односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

 

Родителот, односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.  Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Родителот, односно старателот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува и од училиштето од реонот во кој живее или каде што постојано престојува.  Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина. 

 

Потребни документи за запишување:

·   Потврда за примени задолжителни вакцини, издадена од надлежна установа

·  Потврда за стоматолошки преглед, издадена од надлежна установа (Потврдата може да ја добиете во училишната стоматолошка амбуланта, закажување на тел. 070/654-944)

·   Потврда за офталмолошки преглед, издадена од надлежна установа

·   Лична карта од родител - на увид

Доколку родителот дава информација дека детето е дете со попреченост да се достави и функционална процена од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на меил адресата prvacinjapestaloci@gmail.com секој работен ден од 9 до 12часот.

Во наредните денови редовно на веб страната на Училиштето, www.ooupestaloci.edu.mk ќе известуваме за сите нови информации кои ќе ги добиваме од надлежните институции.  

 

 

 

Скопје, 26. IV 2021                                                                Директор

 

                                                                                      Катерина Атанасова

 

Корисни линкови

Е-дневник E-Учебници Министерство за образование и наука Биро за развој на образованието